хемиско соединение From Wikipedia, the free encyclopedia
Билирубин (порано нарекуван хематоидин) е жолчна боја производ на катаболизам на хемот. Хемот е составен дел на хемоглобинот, главна компонента на еритроцитите. Билирубинот се излачува со жолчката и урината, и покачени нивоа можат да индицираат на поедини болести.
Оваа статија бара повеќе извори за проверливост. Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Други називи Pheophytin | |
Назнаки | |
---|---|
635-65-4 | |
ChEBI | CHEBI:16990 |
ChEMBL | ChEMBL501680 |
ChemSpider | 4444055 |
InChI
| |
3Д-модел (Jmol) | Слика Слика |
PubChem | 5280352 |
| |
UNII | RFM9X3LJ49 |
Својства | |
Хемиска формула | |
Моларна маса | 0 g mol−1 |
Дополнителни податоци | |
(што е ова?) (провери) Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |
Наводи |
Еритроцитите (црвените крвни клетки) кои се создаваат во коскената срцевина се отстрануваат во слезината кога тие се стари или оштетени. Таму, тие го ослободуваат хемоглобинот, кој се разложува до хем, а глобинските делови се разложуваат до аминокиселини. Од хемот се добива неконјугиран билирубин во моноцито макрофагниот систем на слезината. Неконјугираниот билирубин е нерастворлив во вода, поради меѓумолекулските водородни врски. Тој се врзува со албуминот од крвта и се транспортира до црниот дроб.
Во црниот дроб билирубинот се конјугира со гликуронска киселина, под дејство на ензимот гликуронилтрансфераза, при што тој станува растворлив во вода; конјугираниот билирубин често се нарекува „директен“ билирубин. Голем дел од него оди во жолчното ќесе, а оттаму во тенкото црево. Иако повеќето жолчни киселини се ресорбираат во завршното вито црево и учествуваат во ентерохепатичната циркулација, конјугираниот билирубин не се апсорбира и преминува во колонот.[1]
Бактериите од цревната флора го ослободуваат билирубинот од гликуронидите и го метаболизираат до безбоен уробилиноген, кој може да се оксидира и да формира уробилин и стеркобилин: кои ја даваат карактеристичната кафена боја на столицата. Мал дел (~1%) од уробилиногенот се ресорбира во ентерохепатичната циркулација и повторно се екскретира со жолчката: а делумно стигнува до бубрезите, и ја дава жолтата боја на урината.[2]
Нивото на билирубин во организмот се должи на рамнотежата на неговото создавање и неговата екскреција. Резултатите од крвните тестови секогаш треба да се толкуваат во споредба со референтниот опсег даден од лабораторијата каде се изведува тестот. Типичниот опсег за возрасни изнесува[3]:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.