From Wikipedia, the free encyclopedia
Биметал или биметален елемент – елемент кој се состои од две различни ковини споени така да образуваат плочка, намотка или завојница, а се користи за регулација на температура. Ковините мора да имаат различни коефициенти на топлинско ширење така што промената на температурата го деформира оригиналниот облик.
Биметален топломер се добива ако на биметалот му се додаде скала и индикатор, а биметален термостат ако на биметалот му се додадат електрични контакти.
Биметалниот термостат често се користи за регулација на температура, на пример во пеглите, печките и сл. Зависно од градбата, повишената температура може да го отвори или затвори електричниот контакт.
Треба да се напомене дека биметалниот елемент може и индиректно да активира реле или друг елемент, за разлика од директната акција преку електрични контакти. Индиректна акција се користи при вклучување/исклучување на уреди со поголема моќност.
Кај пеглата или греалката, на почетокот струјата може да поминува низ биметалниот елемент. Кога е постигната потребната работна температура, биметалот се деформира до таа мера да го прекинува струјниот круг. По пад на температура, биметалот се исправа и повторно го затвора струјното коло, односно го вклучува грејачот. На овој начин се постигнува (малку груба) контрола на температурата на работната точка.
Кај ладилникот, акцијата е обратна, повисока температура ги затвора контактите на пумпата за ладење. Ладењето е вклучено сè додека температурата не падне на пониска нагодена температура.
„Биметал“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.