![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/4a/Albrecht_Altdorfer_-_Schlacht_bei_Issus_%2528Alte_Pinakothek%252C_M%25C3%25BCnchen%2529_-_Google_Art_Project.jpg/640px-Albrecht_Altdorfer_-_Schlacht_bei_Issus_%2528Alte_Pinakothek%252C_M%25C3%25BCnchen%2529_-_Google_Art_Project.jpg&w=640&q=50)
Битката на Александар кај Ис
слика на Албрехт Дирер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Битката на Александар кај Ис (германски: [Alexanderschlacht] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) — масло на панел од 1529 година на германскиот сликар Албрехт Алтдорфер, пионер на пределното сликарство и основач на Дунавската школа. На сликата е прикажана Битката кај Ис во 333 г. пр. н. е. во која Александар Македонски обезбедил решавачка победа над Дариј III и добил клучна моќ во неговиот поход против Персиското Царство. Сликата нашироко се смета за ремек-дело на Алтдорфер и е еден од најпознатите примери на ренесансното пределно сликарство познато како светски предел, кое овде достигнува невидена величина.
![]() | |
Творец | Албрехт Алтдорфер |
---|---|
Година | 1529 |
Димензии | 158,4 см × 120,3 см |
Место | Стара пинакотека, Минхен |
Војводата Вилијам IV Баварски ја нарачал Битката на Александар кај Ис во 1528 година, како дел од збирката историски дела што требало да ја красат неговата минхенска резиденција. Современите критичари укажуваат дека сликата, благодарение на обилната употреба на анахронизми, имала за цел да ја спореди херојската победа на Александар кај Ис со современиот европски судир со Отоманското Царство. Поразот на Сулејман Величествениот во опсадата на Виена можел да биде особено вдахновение за Алтдорфер. Во делото може да се открие заднинска верска врска, особено на необичното небо. Ова веројатно било вдахновено од пророштвата на Даниил и од тогашните грижи во Црквата за претстојната апокалипса. Битката на Александар кај Ис и четири други слики кои биле дел од почетната збирка на Вилијам се наоѓаат во уметничкиот музеј Стара пинакотека во Минхен.