Битка кај Ватерло
From Wikipedia, the free encyclopedia
Битка кај Ватерло — последната и одлучувачка битка од Наполеоновите војни, со што престанала француската доминација на Европскиот континент и придонела за драстични промени во политичките граници и рамнотежата во политичката моќ. Водена на 18 јуни 1815, близу Ватерло 50°40′45″N 4°24′25″E, сега во Белгија, битката претставува голем момент на пресврт во модерната историја.
Битка кај Ватерло | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Војната на Седмата коалиција | |||||||
„Велингтон кај Ватерло“ од Роберт Александар Хилингфорд. |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Француско Царство | Седма коалиција: Обединето Кралство Кралство Прусија Обединети Ниски Земји Хановер Насау Брауншвајг |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Наполеон I | Војвода од Велингтон Гебхард фон Блихер |
||||||
Сила | |||||||
72.000[1] | 118,000 (англо-сојузници: 68.000[1] Прусијци: 50.000[2]) |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
25.000 мртви и ранети 8.000 заробени 15.000 исчезнати[3] | 22.000 мртви и ранети[4] |
Кога Наполеон по вторпат седнал на престолот на Франција, по бегството од островот Елба, здружените сили на Британија, Обединети Ниски Земји, Хановер, Насау, Брауншвајг и Прусија, близу белгиското село Ватерло, го поразиле Наполеон и ставиле крај на неговите амбиции за освојување на цела Европа. На 22 јуни 1815, Наполеон потпишал капитулација и до крајот на својот живот останал во прогонство на островот Св. Елена во јужниот дел на Атлантскиот Океан.