Битка кај Лас Навас де Толоса
From Wikipedia, the free encyclopedia
Битката кај Лас Навас де Толоса се одвила на 16 јули 1212 година и претставува важна пресвртница во Реконквиста како и во средновековната историја на Шпанија.[2] Во текот пред битката, силите на кралот Алфонсо VIII од Кастиља се придружиле на армиите на неговите доскорешни христијанска соперници, Санчо VII од Навара, Педро II од Арагон и Алфонсо II на Португалија во битка против Берберските алмохадски муслимански владетели на јужниот дел на Пиринејскиот Полуостров.
Битка кај Лас Навас де Толоса/ Битка кај Ал-Кваб | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Реконквиста | |||||||
Приказ на битката |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Кралство Кастиља Кралство Арагон Кралство Португалија Кралство Навара | Алмохади | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Алфонсо VIII од Кастиља Санчо VII од Навара Алфонсо II на Португалија Педро II од Арагон | Мухамед ал Насир | ||||||
Сила | |||||||
~50,000 но според некои извори дури 120,000 [се бара извор] | ~300,000 [се бара извор] | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
~2,000 мртви или ранети[се бара извор] | ~100,000 мртви, ранети,или заробени[1] |
Оваа битка завршила со катастрофален пораз над муслиманските војски и се претпоставува дека жртвите на нивна страна биле околу 100.000. По поразот, напредувањето на муслиманите било спречено, додека Реконквистата да заврши во 1492 година, кога муслиманите биле целосно протерени од полуостровот.