Бланкенбург (Харц)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бланкенбург (Харц) (германски: Blankenburg (Harz)) — град и здравствен центар во округот Харц, во Саксонија-Анхалт, Германија, во северното подножје на планините Харц, 12 километри југозападно од Халберштат.
За други истоимени места, погледајте Бланкенбург.
Кратки факти Земја, Местоположба на град Бланкенбург (Харц) во рамките на округот Харц ...
Бланкенбург (Харц) | |
Бланкенбург гледан од Ајхенберг, западно од градот | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија-Анхалт |
Округ | Харц |
Градски единици | 6 |
Градоначалник | Ханс-Михаел Нол (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 149 км2 |
Надм. височина | 288 м |
Население | 19.374 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 130 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HZ |
Пошт. бр. | 38889 |
Повик. бр. | 03944 |
Портал | www.blankenburg.de |
Местоположба на град Бланкенбург (Харц) во рамките на округот Харц | |
Координати | 51°47′43″N 10°57′44″E |
Затвори
Во голем дел е повторно изграден по пожарот во 1836, и поседува дворец, со различни збирки, музеј на антиквитети, старата градска куќа и црквите. Постојат бањи во борови шуми и болница за нервни болести. Градинарството е специјалност. Во близина е карпа или срт на карпа нарекуван Teufelsmauer (Ѕид на ѓаволот), од каде се може да се види рамнината, како и длабоките клисури на Харц.