Богуславски (кратер)
кратер на Месечината / From Wikipedia, the free encyclopedia
Богуславски (Boguslawsky) — кратер близу јужнополарното подрачје на Месечина. Сместен е северозападно од малку поголемиот кратер Демонакс и југозападно од концентричниот кратер Бусенго. Поради неговата местоположба, овој кратер изгледа многу издолжен, но тоа се должи на перспективата.
Кратки факти Координати, Пречник ...
Кратерот Богуславски | |
Координати | 72.9° ЈГШ; 43.2° ИГД / -72.9; 43.2 |
---|---|
Пречник | 97 км |
Длабочина | 3,4 км |
Кодолжина | 317° на изгрев |
Наречен по | Палм фон Богуславски |
Затвори
Телото на кратерот има насипи и затоа е релативно безлично. Рабовите е донекаде истрошен и релативно низок во однос на околната површина. Преку источниот раб се наоѓа придружниот кратер Богуславски D.
Кратерот е наречен по германскиот астроном Палм Хајнрих Лудвиг фон Богуславски. Предвиден е како место на слетување на руската сонда Луна-25.[1]