Бора Милутиновиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Велибор " Бора " Милутиновиќ (роден на 7 септември 1944 година) бил српско-мексикански пензиониран професионален фудбалски трeнер и поранешен фудбалер.
Тој успеал да се квaлификува на пет изданија на Светските првенства во фудбал, исто како бразилскиот менаџер Карлос Алберто Пареира, но тоа го сторил на пет последователни Светски првенства со различни репрезентативни тимови. Тоа биле составите на: Мексико (1986), Костарика (1990), САД (1994), Нигерија (1998) и Кина (2002). Тој бил, исто така, и првиот тренер кој однел четири различни репрезентации подалеку од првиот круг - сите освен репрезентацијта на Кина - добивајќи го прекарот Чудотворец.[1] Овој прекар првпат му го дал Алан Ротенберг, тогашниот претседател на Фудбалската федерација на Соединетите Американски Држави. Во својата тренерска кариера Милутиновиќ раководел со вкупно осум фудбалски репрезентации.