From Wikipedia, the free encyclopedia
Терористичкиот напад во градот Будјоновск е напад на група чеченски терористи кој траел во периодот од 14 до 19 јуни 1995 година.
Будјоновска заложничка криза | |
---|---|
Место | Будјоновск, Ставрополски крај, Русија |
Датум | 14 јуни – 19 јуни 1995 година |
Вид напад | Заложничка криза |
Мртви | најмалку 140 |
Повредени | најмалку 415 |
Сторители | чеченски терористи предводени од Шамил Басаев |
Заложничката криза настанала откако група терористи од околу 8 до 20 луѓе на чело со Шамил Басаев зеле под своја контрола повеќе од 1600 заложници во болницата во јужниот руски град Будјоновск, на околу 110 километри северно рската република Чеченија, со цел да ги принудат руските власти да ги прекинат воените дејствија во Чеченија и да започнат преговори со Џохар Дудаев.
Инцидентот резултирал со прекин на огнот меѓу руските и чеченските сили.
Членовите на групата на Басаев навлегле во Ставрополскиот крај сокриени во колона од воени камиони. На 14 јуни околу пладне, тие ја нападнале главната полициска станица и Градското собрание, каде ги издигнале чеченските знамиња над владините канцеларии.
По неколку часа, откако дошле руските сили, чеченските сепаратисти се повлекле кон градската болница. Таму тие зеле под своја контрола од 1,500 до 1,800 заложници, поголемиот број од нив биле цивили, вклучувајќи и околу 150 деца и голем број на жени со своите новороденчиња[1].
Басаев упатил ултиматум, заканувајќи се дека ќе ги убие заложниците доколку неговите барања не бидат исполнети. Неговите барања се состоеле ос прекин на огнот и крај на Прва чеченска војна|Првата чеченска војна, директни преговори со Русија и независност на Чеченија. Исто така, Басаев побарал од руските власти да донесат новинари на местото на настанот на кој ќе им дозволи да влезат во болницата. Рускиот претседател Борис Елцин веднаш ветил дека ќе стори сè што е можно за ослободување на заложниците, го осуди нападот како "без преседан исполнето со цинизам и суровост."
На околу 20:00 на 15 јуни, на Чеченците убиен заложник. Кога новинарите не дојде на договорено време, пет други заложници биле убиен по налог Басаев е [3]. Њујорк тајмс цитира главен лекар на болницата дека "неколку од Чеченците само грабнал пет заложници по случаен избор и шут да ги му покажат на светот дека се сериозни во нивните барања дека руските војници ја напушти својата земја."[2]
Во околу 20:00 часот на 15 јуни, чеченските терористи убиле еден заложник. Кога новинарите не дошле во договореното време, други пет заложници исто така биле убиени по налог на Басаев.[3].
По три дена опсада, руските власти им наредиле на безбедносните сили да ја заземат болницата. Силите за безбедност биле составени од полицијата, специјалните сили од ФСБ и елитната група Алфа. По неколку часови борба, во која голем дел од заложниците биле убиени, бил договорен прекин на огнот и 227 заложници биле ослободени а други 61 пак биле ослободени од страна на руските сили.
Вториот руски напад по само неколку часа врз болницата исто така не успеал, и истиот резултирал со уште поголем број на жртви. Руските власти ги обвиниле чеченските терористи дека ги користиле заложниците како живи штитови.
На 18 јуни, преговорите меѓу Басаев и рускиот премиер Виктор Черномирдин довеле до пресвртница во Првата чеченска војна. Во замена за заложниците, руската влада се согласила да ги запре воените дејствија во Чеченија и да се започнат преговори меѓу двете страни.[4]
Ослободените заложници биле особено лути на претседателот Борис Елцин бидејќи претходно употребил сила[5]. Елцин во меѓувреме отишол на самитот на Г-8 во Канада, каде го осудил стореното. На 19 јуни, поголемиот дел од заложниците биле ослободени. Басаев, со околу 120 заложници, вклучувајќи и 16 новинари и 9 пратеници од Државната дума се повлекле во Чеченија, во близина со границата на Дагестан. Таму и останатите заложници биле ослободени, а Басаев заедно со уште неколку новинари отишле во селото Дарго каде тој бил пречекан како херој.
Според официјалните бројки, 129 цивили биле убиени, а 415 биле повредени во целиот настан (од кои 18 починале подоцна од нивните рани). .[6] This includes at least 105 hostage fatalities.[1] Сепак, според независна проценка, 166 од заложниците биле убиени, а 541 повредени во нападот врз болницата[7][8] Најмалку 11 руски полицајци и 14 војници биле убиени.[1] Извештајот поднесен од страна на Русија во Советот на Европа гласел дека 130 цивили, 18 полицајци и 18 војници загинале, а повеќе од 400 лица биле повредени.[9]
Над 160 згради во градот биле уништени или оштетени, вклучувајќи 54 општински згради и 110 приватни куќи.[6][10] Многу од поранешните заложници претрпеле психолошки трауми.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.