Вампир
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вампир — демонско битие што по смртта станува од гробот повиткано во бело платно, општата претстава за вампирот е и гајда (мев) полна со крв, која се тркала како топка.[1] Според некои верувања вампирот бил невидлив освен за посебно обдарените, според некои бил како сенка, некои тврделе дека личел на човек, но бил создаден само од кожа и крв, наместо нос имал дупка, наместо очи имал црвенило како оган, имал големи заби, а некаде се зборува за отсуство на екстремитетите. Постоело и верување дека доколку некое животно го прескокнело починатиот пред да се повампири, тој можел да се трансформира во неговиот облик. Во Србија, Босна и Хрватска постои верување дека вампирот може да се претвори во пеперутка, бидејќи во бдеењето над покојникот најтешко било да се заштити телото од прелетување на пеперутките и другите инсекти. Вампирот има свој дом, тоа е гробот, а го напушта само ноќе. Само во сабота и при задушниците тој не може да го напушти гробот. За ова имаме и запис од Марко Цепенков:
„ | Гробието од вапирите имале една дупка, што си оделе во сабота да си лежат, чунки непендек било ете вапир во сабота не одел по куќите да праи зулум. | “ |