cover image

Вардар

река во Вардарска и Егејска Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia

Вардар — најголемата река во Македонија и воопшто целиот регион Македонија.[1] Долга е 388 км и нејзиниот речен слив опфаќа површина од приближно 25.000 км2. Извира во Гостиварско и завршува во Солунскиот Залив, Егејска Македонија, во заштитената месност наречена Делта на Вардар. Поради реката, по поделбата на Македонија по Балканските војни, овој дел на Македонија бил наречен Вардарски дел на Македонија или едноставно Вардарска Македонија. Повторно, поради својата географска одлика на овие краишта, според реката била наречена Вардарска бановина која била административна единица на Кралство Југославија во периодот 1929-1941.

Quick facts: Вардар, Местоположба, Држави, Физички ос...
Вардар
Вардар во Велес
Местоположба
Држави Македонија,  Грција
Физички особености
Извор 
  местоВруток под Шар Планина
  надм. вис.500 м
УстиеДелта на Вардар, Солунски Залив, Егејска Македонија
Должина388 км
Големина на сливот20.535 км2
Проток 
  просечен174 м3с
Особености на сливот
Close
Изворите на Вардар во Вруток, Гостиварско.
Националниот парк Делта на Вардар кај Гаскарка, Солунско.