Васил К’нчов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Васил Иванов К‘нчов (26 јули 1862 – 6 февруари 1902) — научник, географ, историчар и политичар од Бугарија, автор на многубројни географски истражувања на Македонија. Сомисленик на Прогресивно-либералната партија, во период од еден месец бил министер за образование и наука во првата влада на Стојан Данев (1902). Член е на Бугарската академиja на науките.
Кратки факти Роден, Починал ...
Затвори
Тој бил типичен претставник на бугарската пропаганда во Македонија[1]. Учител е по хемиja во Солунската машка гимназиja (1888-1891), директор е на егзархиски училишта во серско (1891-1892), директор е и на Солунската гимназиja (1892-1893), главен училиштен егзархиски инспектор во Македонија (1894-1897). Автор е на научниот труд Македонија. Етнографија и статистика.