Веројатносна распределба
From Wikipedia, the free encyclopedia
Веројатносна распределба (или веројатносен распоред) — односот помеѓу вредностите кои ги зема случајната променлива и нивните веројатности. Распределбата на веројатностите може да биде едноваријатна и повеќеваријантна. Едноваријантната распределба ги дава веројатностите на една случајна променива да преземе разни алтернативни вредности. Повеќеваријантната распределба ги дава веројатностите на еден случаен вектор – збир на два или повеќе случајни променливи – преземање разни вредносни комбинации. Од едноваријантните веројатносни распределби најчесто се среќаваат и се многу важни слендиве: биномна веројатност, хипергеометриска веројатност и нормалната распределба.