Вештерот (видеоигра)
видеоигра од 2007 година / From Wikipedia, the free encyclopedia
Вештерот (објавена под меѓународното име The Witcher, во Полска под изворното име Wiedźmin) — позната видеоигра со фантазиска заднина, развиена од страна на полското студио CD projekt RED и објавена од страна на Атари. Нејзината премиера била на 26 октомври 2007 година на платформата Microsoft Windows и во април 2012 била објавена сметачката верзија на OS X системот.
Вештерот The Witcher | |
---|---|
Изработувач(и) | CD Projekt Red |
Издавач(и) |
|
Режисер(и) | Јацек Брзезињски |
Продуцент(и) | Мацјеј Мијасик |
Дизајнер(и) | Михал Мадеј |
Програмер(и) | Мацјеј Синило |
Уметник(ци) | Адам Бадовски |
Писател(и) |
|
Композитор(и) |
|
Серијал | Вештерот |
Погон | Aurora Engine |
Подлоги | Microsoft Windows, MacOS |
Датум на издавање | ЕВР: 26 октомври 2007[1] САМ: 30 октомври 2007[1] АВС: 9 ноември 2007[1] Напредно издание Windows САМ: 16 септември 2008[2] ЕВР: 19 септември 2008[2] АВС: 30 септември 2008[2] MacOS 5 април 2012[3] |
Жанр(ови) | Акција видеигра во улоги |
Режим(и) | Самостојно играње |
Дејството на Вештерот се одвива во светот наречен континентот, напишано од Анджеј Сапковски. Главниот јунак во играта, со кој се оживотворува играчот е Гералт од Ривија - еден од вештерите, односно ликови со натчовечки сили, кои обично убиваат чудовишта што ги напаѓаат населените места. По настаните од Сагата Вештерот, Гералт лишен од сеќавањето, повторно се обидува да се пронајде во мрачната реалност во светот на играта, лишен од изразената поделба на доброто и злото. Токму развитокот на играта го приморува Гералт да направи бројни морални одлуки, кои влијаат врз понатамошните судбини на споредните независни јунаци. И покрај обидот на Сапковски за прикажување на атмосферата на тој свет, видео играта Вештерот не добила официјална поддршка од страна на писателот.
Првите обиди за да се преточи светот на вештерот во јазикот на играта биле планирани уште во деведесеттите години на XX век од страна на Metropolis Software, сепак на студиото CD Projekt RED им успеало да ја завршат работата на овој проект, кој траел пет години. За проектот на Вештерот биле одговорни Михал Мадеј и Јацек Брзезињски. Буџетот на играта изнесувал околу 19 милиони злоти, а самото нејзино издание било придружено со голема промотивна кампања. По појавата на Вештерот добиле пофалби од страна на критичарите за фабулата, аудиовизуелното оформување и системот на борба. Како негативни забелешки за продукцијата на полското студио биле веднаш признаени прекумерната сексуализација на жените како и бројните технички грешки, при што повеќето од нив ги поправило Подобреното издание, издадено во септември 2008 година, која освен тоа содржело нови авантури за играчот.
Значајниот комерцијален успех на Вештерот - до јуни 2011 година биле продадени не помалку од 2 милиони примероци - предизвикало нагло внимание од страна на полскиот печат. Во 2011 година CD Projekt RED произвеле продолжение на делото под името Вештерот 2: Атентатори на кралеви (Wiedźmin 2: Zabójcy królów), веднаш потоа во 2015 година се појавила третата, која ставила крај на трилогијата на сцените од серијата, насловена како Вештерот 3: Див Лов (Wiedźmin 3: Dziki Gon).