Википедија:ВикиПроект Евреи и јудаизам
From Wikipedia, the free encyclopedia
ВикиПроект „Евреи и јудаизам“ — википроект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик во соработка со Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница во Република Македонија. Проектот има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии за Евреите како народ, нивната религија, култура, празници, нивните личности, дела и др. на македонски јазик од страна на активните корисници и уредувачи, како и самите членови на здружението. Особено внимание ќе се обрати на македонските Евреи, нивната историја во подалечното минато и судбината на највеќето членови на оваа етничка заедница за време на Втората светска војна. Страницата на проектот и соодветните потстраници содржат основни принципи кои би требало да помогнат во насочување на работата.
„Евреи и јудаизам“ |
Предвидено е содржините поврзани со македонските Евреи да се преведат на англиски, а потоа и на хебрејски од страна на нашите колеги од Википедија на хебрејски јазик. Од своја страна, Меморијалниот центар и Заедницата ни ставија на располагање поголем обем на нивни и туѓи книжни изданија и материјали на оваа тематика, а воедно велокодушно се согласија да ни обезбедат историски слики кои би ги илустрирале пишаните содржини.