Википедија:ВикиПроект Археомак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Проектот Археомак има за цел да помогне постоечките и новосоздадените статии од областа на археологијата и информациите содржани во нив подобро да се организираат, да се координира работата на википедијанците во поглед на категоризација, надополнување и презентација на археолошките информации. Страницата на проектот и соодветните потстраници содржат основни принципи кои би требало да помогнат во насочување на работата на википедијанците.
Ако сте заинтересирани да се вклучите во овој проект, слободно дадете ги своите коментари на страницата за разговор на овој проект, станете активен член на проектниот тим или едноставно дадете придонес во уредувањето на статиите и информациите од оваа област.