Википедија:Фотографска соработка Македонија-Полска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фотографска соработка Македонија-Полска — фотографска соработка на вимедијанци од Македонија и Полска, која имала за цел заемно промовирање на културното и природното богатство на двете земји преку организирање изложби на слободни фотографии достапни на Ризницата. Во склоп на соработката биле приредени и уредувачки потфати во насока на подобрување на содржините за двете земји на Википедија на македонски и Википедија на полски јазик.