Виуела (шпански: vihuela) — назив на разни гитаровидни жичени инструменти: еден шпански од XVI век, обично со 12 парни жици, и друг, мексиканска виуела, од Мексико во XX век со пет жици, изведувана од маријачи.
Денешен примерок на виуела
Сопран-виуела, детал од шпанска слика La Virgen con el Niño y San Juanito од анонимен уметник.
Бас-виуела, детал од слика од Хуан де Хуанес. Средина на XVI век.
Констрабас-виуела, детал од каталонска фреска, Устоличениот Св. Винсенте со ангели кои музицираат, од Хавиерскиот Мајстор. Доцен XV - ран XVI век.
Бројчена таблатура за виуела од книгата Orphenica Lyra од Мигел де Фуенлјана (1554). Црвените бројки го претставуват вокалниот дел.