Војвода од Сасекс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Војвода од Сасекс ― благородничка титула, една од неколкуте кралски војводства во Благородништвото на Обединетото Кралство. Тоа е наследна титула на посебен ранг на благородништво во британското кралско семејство. Создавана е двапати и го зема своето име од историскиот округ Сасекс во Англија.
Кратки факти Војводство Сасекс, Датум на создавање ...
Војводство Сасекс | |
---|---|
Датум на создавање | 19 мај 2018 (најавена)[1] 16 јули 2018 (издаден документ)[2] |
Создавање | По втор пат |
Доделена од | Елизабета II |
Благородништво | Благородништво на Обединетото Кралство |
Прв носител | Принц Август Фредерик |
Тековен носител | Принц Хари |
Очигледен наследник | Принц Арчи од Сасекс |
Се пренесува на | законско родениот прв машки наследник на телото на војводата[2] |
Subsidiary titles | Ерл од Дамбартон Барон Килкил |
Статус | Постои |
Затвори
Прво создадена во 1801 година, титулата стапила вон функција во 1843 година, но била оживеана кога кралицата Елизабета II му ја доделила на нејзиниот внук принцот Хари на 19 мај 2018 година непосредно пред неговиот брак со Меган Маркл, која потоа станалa војвотката од Сасекс.