Војводство Холштајн
From Wikipedia, the free encyclopedia
Војводство Холштајн (германски: Herzogtum Holstein, дански: Hertugdømmet Holsten) — најсеверна држава на Светото Римско Царство, сместено во денешната германска покраина Шлезвиг-Холштајн. Било основано, кога кралот Кристијан I на Данска ја издигнал својата Грофовија Холштајн-Рендсбург на ниво на војводство со одобрување на светиот римски цар Фридрих III во 1474 година. Холштајн бил заедно владеен со Војводството Шлезвиг од членови на данската олденбуршка династија во целиот период на неговото постоење.
Војводство Холштајн | ||||||
Herzogtum Holstein Hertugdømmet Holsten | ||||||
Вазал на Светото Римско Царство (до 1806), Феуд на Данска (делумно, 1460-1864), Дел од Германскиот Сојуз (делумно, 1815-1864) | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Војводството Холштајн во 1789 г. | ||||||
Главен град | Гликштат | |||||
Јазици | германски, дански | |||||
Вероисповед | лутеранство | |||||
Уредување | војводство | |||||
Историски период | рана современа | |||||
- | Договор од Рибе | 5 март 1460 | ||||
- | Основано | 14 февруари 1474 | ||||
- | Шлезвишка војна | 1 февруари 1864 | ||||
- | Виенски договор | 30 октомври 1864 | ||||
Валута | ригсдалер | |||||
Од 1490 до 1523 и повторно од 1544 до 1773 година, Војводството било поделено помеѓу различни линии на Олденбург, најпознати меѓу нив војводите од Холштајн-Гликштат (истите со данските кралеви) и Холштајн-Готорп. Војводството престанало да постои кога било припоено од Кралството Прусија во 1866 година по Втората шлезвишка војна.