Вторична структура на нуклеинските киселини
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вторична (секундарна) структура на нуклеинските киселини — заемодејства на базните парови во склоп на еден единствен полимер на нуклеинска киселина или помеѓу два одделни полимера. Таа може да се претстави како низа на азотни бази кои се спарени во молекула на нуклеинска киселина.[1] Вторичните структури на биолошките ДНК и РНК молекули се различни: биолошката ДНК најчесто постои како целосно базно-спарен двоверижна завојница, додека биолошката РНК е едноверижна и често формира сложени заемодејства на спарување на базите поради нејзината зголемена способност да формира водородни врски, која потекнува од дополнителната хидроксилна група во состав на рибозата.
Во небиолошки контекст, вторичната структура е од витално значење во дизајнирањето на нуклеински киселини кое се применува во ДНК нанотехнологијата и ДНК сметачите, бидејќи шемата на базното спарување ја одредува целокупната структура на молекулите.