Вувузела
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вувузелата е еден вид на труба или рог, со должина од околу 65 cm, која најчесто ја користат гледачите на фудбалските натпревари во Јужна Африка. Од тие причини вувузелата станала симбол на фудбалската игра во оваа земја. Вувузелата произведува монотон звук сличен на рикање на слонови.[1]
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Името на вувузелата најверојатно потекнува од зулу јазикот со значење „правење на вуву звук“, каде што вуву би било ономатопејски назив за звукот кој излегува од вувузелата. Друга можност е вуву да е сленг назив за туш, бидејќи на стадионите се користат голем број на вувузели кои ги „тушираат“ присутните со својот звук.[2]
Користењето на вувузелите е контроверзно. За време на ФИФА Купот на конфедерации во фудбал 2009 година во Јужна Африка вувузелите станале карактеристичен декор на целиот настан (иако понекогаш се иритирачки за играчите[3]) па ФИФА одлучила да го допушти користењето на вувузелите за време на Светското првенство 2010[4]
Играчите, а посебно коментаторите, звукот на вувузелата го опишуваат како иритирачки и го споредуваат со „стампедо на бучни слонови“[5], со "заглушувачка наезда на скакулци"[6], со "звук на кози пред колење"[7], со "големо јато на бесни пчели"[8]...