Вучитрн
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вучитрн (албански: Vushtrri) — град кој се наоѓа во северниот дел на Република Косово. Со вкупно население од 69.870 општината Вучитрн е деветта најголема општина во Косово според бројот на населението. Таа има вкупна површина од 345 км2, а густината на населението е 202/km2. Оваа област покрива околу 3,2% од вкупната територија на Косово. Вучитрн е опкружен со: Косовска Митровица на север, Подуево во источниот дел, Обилиќ во јужниот дел, Глоговац на југозапад, и со Србица во западниот дел. Во општина Вучитрн има 67 села.
Вучитрн | |
---|---|
Општина и град | |
Vushtrria Vushtrri | |
Поглед на градот | |
Локација во Косово | |
Координати: 42°49′N 20°58′E | |
Држава | Република Косово |
Округ | Митровица |
Управа | |
• Градоначалник | Бајрам Мулаку |
Површина | |
• Општина и град | 345 км2 (133 ми2) |
Надм. вис. | &10000000000000944000000944 м |
Најг. вис. | &100000000000013800000001.380 м |
Најм. вис. | &10000000000000508000000508 м |
Население (2011) | |
• Густина | 202/км2 (520/ми2) |
• Градскo | 26,964 |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Поштенски број | 42000 |
Повик. бр. | +381 28 |
Таблици | 02 |
Мреж. место | Municipality of Vučitrn |
Вучитрн е античко наоѓалиште кое датира уште од времето на кралството Илирија, односно Кралството Дарданија, кои живееле на територијата на Косово во 4 век пред нашата ера. Илирското името на Вучитрн беше Viciana што значи "земја на телињата". Кога Римското Царство го освои Кралството Дарданија во 1 век п.н.е., Римјаните додале го латинската наставка "um" на името на Viciana, а со тоа стана Vicianum. Во српскиот јазик, Вучитрн е името на растението Ononis Spinosa, кој е во изобилство во регионот. Во документите на Отоманското Царство, која ја освоил област во 14 век, се именува како Viҫitrine, кој има значење на "Ограда на телињата".
Културно-историските споменици оставени во наследство на градот, се главна одлика. Замокот, камениот мост, јавната бања и чешмата биле изградени пред многу векови и се најголемите атракции на градот. Вучитрн е важен економски центар, најмногу познат како најголем производител на компир во Косово.