Гастон Леру
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гастон Луј Алфред Леру (француски: Gaston Louis Alfred Leroux) (6 мај 1868[1] – 15 април 1927) е француски новинар и писател на детективска проза. Најпознат е по романите: Фантомот на операта и Мистеријата на жолтата соба. Првиот роман е предмет на многубројни театарски и филмски адаптации.
Gaston Leroux | |
---|---|
Леру во 1907 | |
Роден/а | Гастон Луј Алфред Леру 6 мај 1868(1868-05-06) Париз, Франција |
Починат/а | 15 април 1927(1927-04-15) (возр. 58) Ница, Франција |
Занимање | Новинар, писател |
Националност | Французин |
Значајни дела | Фантомот на операта Мистеријата на жолтата соба |
Леру е роден и школуван во Париз, каде студирал право. Како наследник на огромно богатство, Леру ги поминува годините живеејќи луд живот низ Франција додека не банкротира. Долго време работи како репортер и новинар, а лично ја покрива и руската револуција од 1905. Леру, како репортер, покрива и познат случај во париската опера, во чии подруми биле најдени заложници, настан кој делумно ќе го инспирира познатиот роман. Основа и филмска компанија со намера да пишува романи, кои компанијата подоцна ќе ги адаптира во филмови.
Леру честопати се нарекува францускиот еквивалент на англискиот Артур Конан Дојл или американскиот Едгар Алан По кога станува збор за пишување на оригинална детективска проза. Ликот на Жозеф Рултаби е создаден во традицијата на Шерлок Холмс. Леру е светски познат по усовршување и популаризирање на еден вид детективски приказни, т.н. мистерии во затворен простор.