Главна бескидска патека
From Wikipedia, the free encyclopedia
Главна бескидска патека „Кажимјеж Сосновски“ (полски: Główny Szlak Beskidzki imienia Kazimierza Sosnowskiego или GSB) — планинарска патека означена со црвена боја која поминува од Устроњ во Шлеските Бескиди до Волосате во Бјешчадите.
Главна бескидска патека „Кажимјеж Сосновски“ | |
---|---|
Ознака на патеката | |
Должина | 496 км |
Местоположба | Бескиди, Полска |
Поаѓалиште | Устроњ 49.716667° СГШ; 18.816667° ИГД / 49.716667; 18.816667 Волосате 49.067222° СГШ; 22.679722° ИГД / 49.067222; 22.679722 |
Намена | планинарење |
Надморска височина | |
Највисока точка | 1.725 м м |
Најниска точка | м |
Поединости | |
Год. време | цела година |
Најдолга патека во полските планини, има околу 496 км[1] должина, поминува низ Шлескиот Бескид, Живјечкиот Бескид, Горце, Сондецкиот Бескид, Нискиот Бескид и Бјешчади. Поминувајќи низ највисоки делови на полските Бескиди овозможува искачување на: Стожек Вјелки (чеш. Велки Стожек), Барања Гура, Бабја Гура, Полица, Турбач, Лубањ, Прехиба, Раѓејова, Јавожина Криницка, Ротунда, Цергова, Хришчата, Смерек и Халич како и во населби како: Устроњ, Венгјерска Гурка, Јорданув, Рабка-Здруј, Крошченко над Дунајцем, Ритро, Крињица-Здруј, Ивонич-Здруј, Риманув-Здруј, Комањча, Цисна, Устжики Гурне итн.
Главната бескидска патека била трасирана во меѓувоениот период. Трасата на западен дел (Устроњ-Крињица) била проектирана од Кажимјеж Сосновски и совршена во 1929 г. Источен дел, согласно проект на Мјечислав Орлович, бил совршен во 1935 г. и е водел дури до Чорногора, којато се наоѓала во границите на Полска. Меѓу 1935 и 1939 г. била именувана по Јузеф Пилсудски.[2].