Глуонско топче
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во физика на честички, глуонско топче (исто така глуониум, глуонска-топка) е хипотетичка композитна честичка.[1] Таа се состои само од честички глуони, без валентни кваркови. Таквата состојба е можна затоа што глуоните имаат обоен полнеж и се под дејство на силното заемнодејство. Глуониумите се исклучително тешко се препознаваат во забрзувачите на честички, бидејќи тие може да се помешаат со вообичаените мезонски состојби.[2]
Оваа статија моментално е под поголема промена за краток временски период. Би ве замолиле за учтивост — не уредувајте ја страницата додека стои поракава. Корисникот кој ја ставил оваа ознака ќе биде означен во историјата на страницата. Ако страницата не е уредувана веќе неколку часа, отстранете ја предлошкава. Поракава постои со цел да се избегнат спротивставените уредувања. Отстранете ја меѓу уредувања за да им овозможите и на другите да ја уредуваат страницава. Последното уредување на оваа Оваа статија го направи InternetArchiveBot (разг| прид) пред 2 години. (Поднови) |
Теоретските пресметки покажуваат дека глуониумите треба да постојат на енергии кои се достижни за тековните судирачи . Сепак, поради горенаведените тешкотии (меѓу другите), досега тие не се забележани и со сигурност препознаени,[3] иако феноменолошките пресметки наведуваат дека постои експериментално потврден глуониумовски кандидат, означен со ознаката , кој има својства во согласност со оние што се предвидени од стандардниот модел за глуониумите.[4]
Предвидувањето дека глуониумите постојат е едно од најважните предвидувања на стандардниот модел на честичната физика, кој сè уште не е потврден експериментално.[5] Глуониумите се единствените честички предвидени со стандардниот модел со вкупен аголен момент (Ј) (понекогаш наречен „внатрешен спин“) кој може да биде или 2 или 3 во нивната основна состојба.