Говор на омраза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Говор на омраза — поим кој означува говор чија намера е да деградира, вознемири, или предизвика насилство или активности врз основа на предрасуди против лица или групи луѓе врз основа на нивната раса, род, возраст, етничка припадност, националност, религија, сексуална ориентација, родов идентитет, хендикеп, јазична способност, морални или политички ставови, социоекономска класа, занимање или изглед (како висина, тежина и боја на коса), ментален капацитет и било која друга особина[1]. Терминот се однесува и на пишана и на усна комуникација, како и некои форми на однесување на јавно место.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Говорот на омраза дејствува покрај законот, говор кој навредува одредена личност или група во однос на дискриминација кон таа личност или група.
Според законот, говор на омраза е секој говор, гестикулација или однесување, пишан текст, или приказ којшто е забранет поради можноста да поттикне насилство или предрасудно дејствување против или од страна на некој заштитен поединец или група, или поради што се деградира или заплашува одреден поединец или група. Законот може да го препознае заштитениот поединец или група според одредени одлики. Во некои држави, секоја жртва на говорна омраза може да побара надомест според граѓанско, кривично право или обете. Она мрежно место која користи говор на омраза се нарекува мрежно место за говор на омраза. Многу од овие страни содржат интернет форуми и генератори за извештаи кои истакнуваат одредени ставови. Имало дебата за тоа како слободата на говор се применува на интернет.
Критичарите сметаат дека “говорот на омраза” е современ пример на “Newspeak”, со кој се стишувале критиките на социјалните партии кои биле слабо имплементирани во напорот да останат политички коректни.