Голема кружница
From Wikipedia, the free encyclopedia
Голема кружница или ортодрома[1] — пресекот на една сфера со рамнина која минува низ центарот на сферата и претставува најголемата кружница што може да се смести во сферата. Кружницата се карекува „голема“ наспроти општа („мала“) кружница, каде рамнината не минува низ центарот. Секој пречник на големата кружница се совпаѓа со пречникот на сферата, па затоа сите големи кружници имаат меѓусебно иста обиколка и ист центар како сферата. Секоја кружница во Евклидовиот простор е голема кружница на точно една сфера.
Низ секои две точки на површината на сферата минува по една голема кружница. Малиот лак на големата кружница помеѓу две точки е најмалото (површинско) растојание помеѓу нив. Во оваа смисла, малиот лак е исто што и „правата линија“ во сферната геометрија. Големите кружници се геодезиски линии на сферата.
Во повеќе димензии, големите кружници на една n-сфера се пресеците на n-сферата со две рамнини што минуваат низ почетокот во Евклидовиот простор Rn+1.