Голем сетски мост
From Wikipedia, the free encyclopedia
Големиот сетски мост (瀬戸大橋, Сето Охаши)[1][2] ― низа на двокатни мостови што ги поврзуваат префектурите Окајама и Кагава во Јапонија преку низа од пет мали острови во Внатрешното Јапонско Море. Изграден во периодот 1978-88 година, тој е еден од трите правци на Проектот за мост Хоншу-Шикоку што ги поврзува островите Хоншу и Шикоку и единствен што носи железнички сообраќај. Вкупната должина е 13,1 км, а најдолгиот распон, мостот Минами Бисан-Сето, е 1.100 м.
Голем сетски мост |瀬戸大橋 (Сето охаши) | |
---|---|
Големиот сетски мост од Хомшу (лево) преку островите Хицуишиџима и Јошима кон Шикоку | |
Координати | 34°23′54″N 133°48′36″E |
Носи | 4 ленти Експресен пат Сето-Чуо (горе) 2 железнички пруги (доле) |
Преминува | Внатрешно Јапонско Море |
Место | Хоншу и Шикоку |
Одржувач | Обвластеништво за мост „Хоншу-Шикоку“ |
Особености | |
Вид | Двокатен мостовен систем |
Вкуп. должина | 13,1 км |
Историја | |
Отворен | 1988 |
Местоположба | |
Премин преку мостот трае околу 20 минути со автомобил или воз. Преминувањето со траект пред изградбата на мостот траела околу еден час.
Мостовите носат две ленти за автопатски сообраќај во двете насоки (експресниот пат Сето-Чуо) на горниот кат и една железничка пруга во двете насоки (линија Сето-Хаши) на долниот кат. Долниот кат бил дизајниран да смести дополнителен сет на шинкансенски патеки за предложено продолжување на шинкансени до Шикоку.[3]