Гомељ
град во Белорусија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Гомељ (белоруски и руски: Гомель) — град во источниот дел на Белорусија, во близина на границата со Русија во кој живеат околу 520.000 жители. Градот е центар на истоимената област и е вториот по големина град во Белорусија. Се наоѓа во југоисточниот дел на земјата, на 302 километри од главниот град Минск, 534 километри источно од Брест, од Могиљов е оддалечен 213 километри, 279 километри западно од Брјанск и 111 километри северно од Чернигов. Низ него тече реката Сож. Градот е на површина од 121 км². Гомељ се стекнал со Магдебуршкото право во 1670 година.[4][5]
Гомељ Гомель | |||
---|---|---|---|
Држава | Белорусија | ||
Регион | Гомељска Област | ||
Статус на град | 1142 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Петар Кириченко | ||
Површина | |||
• Вкупна | 135,34[1] км2 (Formatting error: invalid input when rounding ми2) | ||
Надм. вис. | &10000000000000138000000138 м | ||
Население (2015) | |||
• Вкупно | 526,872 ▲[2] | ||
• Густина | 4.258,4/км2 (110,290/ми2) | ||
[3] | |||
Час. појас | FET (UTC+3) | ||
Поштенски број | 246xx, 247xxx | ||
Повик. бр. | +375 232(2) | ||
Регистарски таблички | 3 | ||
Мреж. место | gorod.gomel.by |
Градот бил основан во 1142 година, и административно е поделен на четири реони: Централен, Советски, Железнодорожен, и Новобелички. Актуелен градоначалник е Петар Кириченко, кој на функцијата стапил во ноември 2012 година. Од индустриските гранки најразвиена е машинската, а нешто помалку прехранбената индустрија. Во градот има тролејбуски и автобуски превоз, а авионски е поврзан со поблиските градови од соседството. Гомељ има умерено-континентална клима, но поради Чернобилската несреќа се соочил со намалување на населението кон крајот на 20 век. Градот почнал економски и демографски да заздравува во 21 век.