From Wikipedia, the free encyclopedia
Грабнување од сарајот (германски: Die Entführung aus dem Serail) ( К. 384; исто така позната како Сарајот) е зингшпил опера во три чина од Волфганг Амадеус Моцарт. Германското либрето го напишал Готлиб Стефани врз основа на „Белмонд и Констанца, или грабнување од сарајот“ од Кристоф Фридрих Брецнер. Во операта Белмонте, потпомогнат од својот слуга Педрило, се обидува да ја спаси својата сакана Констанца од сарајот на Пашата Селим. Делото премиерно било прикажано на 16 јули 1782 година во Виенскиот Бургтеатар.
Императорот Јосиф II основал компанија „Национален зингшпил“ (Nationalsingspiel) со цел да се изведуваат дела на германски јазик (наместо италијанскиот оперски стил кој бил тогаш популарен во Виена). Оваа компанија ја спонзорирала операта и се смета за исклучителен успех на Националниот зингшпил.[1]
Готлиб Стефани бил инспектор во Националниот зингшпил.[2] Кога Моцарт, на свои 25 години, пристигнал во Виена во 1781 година во потрага по професионален ангажман, се сретнал со Стефани и и побарал надомест за опера. За таа цел, тој со себе донел копија од својата претходна недовршена опера Заида и му ја покажал на Стефани, кој бил импресиониран. Моцарт остави силен впечаток во театарот[2] и било договорено Стефани да најде соодветен материјал и да подготви либрето за Моцарт. Стефани се согласил да подготви изменета верзија на делото „Белмонт и Констанца“ без да побара дозвола од оригиналниот автор Кристоф Фридрих Брецнер. Брецнер подоцна јавно се пожалил за кражбата.[3]
Моцарт либретото од Стефани го добил на 29 јули 1781 година. Писмото до неговиот татко Леополд покажува дека бил возбуден поради можноста неговата опера да биде изведена во Виена и ентузијастички работел на проектот.[4]
Моцарт прво мислел дека операта треба да ја заврши за само два месеци, бидејќи се планирало да се изведе за време на посетата на рускиот велики војвода Павле (син на Катерина Велика и руски престолонаследник). Сепак, на крајот било одлучено да се изведуваат опери од Глук, а на Моцарт му се дало повеќе време.[5]
На Моцарт му требале уште неколку месеци за да ја заврши композицијата. Премиерата се одржала на 16 јули 1782 година, во Бургтеатарот во Виена.
Грабнување од сарајот спаѓа во зингшил жанрот.
Таа е лесна опера со чести комични ситуации, а ликовите се недоволно истражени, за разлика од подоцнежните опери на Моцарт.[6] Операта била инспирирана од тогашниот интерес за егзотичната култура на Отоманската империја.[7][8] Операта на Моцарт содржи западна верзија на турската музика, заснована на музиката на турските јаничарски групи.[9]
Одредени аспекти на операта се усогласени со европскиот поглед на ориентализмот од XVIII век. Меѓутоа, операта исто така му пркоси на стереотипот на деспотската турска култура, бидејќи нејзината кулминација е несебичниот чин на простување од страна на пашата.
Музиката ги содржи некои од најспектакуларните и најтешките арии на Моцарт. Осминовата арија во 3 чин, „O, wie will ich triumphieren“ (Ох, кога ли ќе победам) содржи карактеристична колоратура од 18 век и двапати се спушта до ниско D (D2), една од најниските ноти кои се бараат од секој глас во операта.[10] Најпознатата арија во операта е „Martern aller Arten“ („Тортури од секаков вид“) на Констанца, голем предизвик за сопраните. Констанца пее во своевиден синфониски концертант со четири солисти од оркестарот; долгиот оркестарски вовед, без сценско дејство, исто така им создава проблеми на сценските директори.[11]
Операта имала огромен успех. Делото било постојано на репертоарот во Виена и во европските земји од германско говорно подрачје. Оваа опера го издигнала на Моцарт во очите на јавноста како врвен композитор. Сепак, не се збогатил со неа: му бил исплатен паушален надомест од 100 царски дукати (околу 450 флорини) за операта а не заработил ништо од многуте изведби кои следеле.[3]
Операта била премиерно изведена во Париз во ноември 1801 година.[13]
Улога | Тип на глас | Премиерна екипа, 16 јули 1782 година Диригент : В.А. Моцарт |
---|---|---|
Белмонте, шпански благородник | тенор | Валентин Адамбергер |
Констанца, свршена за Белмонте | сопран | Катерина Кавалиери |
Блонда, слугинка на Констанца | сопран | Терезија Тејбер |
Педрило, слуга на Белмонте | тенор | Јохан Ернст Дауер |
Осмин, надгледник на пашата | бас | Лудвиг Фишер |
Баса Селим, Пашата | говорна улога | Доминик Жауц |
Клас | говорна улога | Непознат |
Хор на јаничари [14] [15] |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.