Граница
географски граници на политички ентитети или правни јурисдикции / From Wikipedia, the free encyclopedia
Граница — линија која во географијата претставува линија помеѓу две политички сушности, како што се држави, области, територии, општини. Границите се поставуваат преку согласност меѓу политичките сушности што ги контролираат односните региони, а создавањето на ваквата согласност се нарекува гранична делимитација.
Некои граници, како меѓуопштинските и границите меѓу регионите во рамките на една држава, се најчесто отворени, и сосема неконтролирани. Други граници се делумно или сосема контролирани, и може да се преминат на граничен премин. Границите може да имаат тампон-зона.