Граници на Полска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Границите на Полска имаат вкупна должина од 3.511[1] или 3.582 км, зависно од сметањето.[2] Земјата се граничи со Германија на запад, Чешка и Словачка на југ, Украина и Белорусија на исток и Литванија и руската ексклава Калининградска Област на североисток. На север излегува на Балтичкото Море.
Ова се поединечните државни граници со нивната должина, дадени по надолен редослед.[1]
- со Чешка: 796 км
- со Словачка: 541 км
- со Украина: 535 км
- со Германија: 467 км
- со Белорусија: 418 км
- со Русија (Калининградска Област): 210 км
- со Литванија: 104 км
- морска (Балтичко Море): 440 км
Бреговата линија на Полска е долга 770 км.[1]