Дагласов простор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Даглас просторот (латински excavatio rectouterina; понекогаш изговорен и како „Дуглас“) е испакнување на перитонеумот (обвивката на стомачната празнина, ципа). Кај жените овој простор се наоѓа помеѓу ректумот и матката и се протега до задениот вагинален свод. Кај мажите, овој простор одговара на просторот кој е сместен меѓу ректумот и мочниот меур (латински: Excavatio rectovesicalis), наречен и како Проуст-простор. Ова испакнување кај мажот и кај жената го претставува најдлабокиот дел од стомачната празнина кај луѓето при стоење и седење. Воспалени процеси со формирање течност или гној, како и малигни процеси во стомакот можат да се спуштат во овој простор под влијание на гравитацијата.
Името на Даглас просторот е поврзано со првиот опишувач на овој простор, англискиот анатом, хирург и акушер Џејмс Даглас (1675-1742). [1]