Дебарско-реканска парохија
црковна парохија на МПЦ-ОА / From Wikipedia, the free encyclopedia
Дебарско-реканска парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Дебарското архијерејско намесништво на Дебарско-кичевската епархија. Нејзиното седиште е во градската црква „Св. Преподобна Петка“ во Дебар.[1]
Во состав на оваа парохија се градот Дебар и селата: Баниште, Татар Елевци, Рајчица, Долно Косоврасти, Горно Косоврасти, Долно Мелничани, Горно Мелничани, Горенци, Пареши, Броштица, Осој, Гари, Лазарополе, Тресонче, Селце, Росоки, Јанче, Галичник, Требиште, Велебрдо, Битуше, Ростуше, Џепиште и Луково.[2]