From Wikipedia, the free encyclopedia
Дејвид Фило е американски стопанственик и соосновач на Yahoo!. Фило со неговиот партнер Џери Јанг, додека студирале заедно, го создале популарниот пребарувач Yahoo!.
Дејвид Фило | |
---|---|
Дејвид Фило, Мај 2007 | |
Роден(а) | 20 април 1966
[1] Висконсин, САД |
Живеалиште | Пало Алто, Калифорнија, САД |
Образование | Универзитет Тулан Универзитет Стенфорд |
Занимање | Ко-основач на Yahoo! |
Плата | 1 американски долар годишно [2] |
Богатство | ▲ 5.6 милијарди американски долари (Март 2018)[3] |
Сопружник | Ангела Буенинг |
Денес Yahoo! е еден од најпопуларните пребарувачи и директориуми на интернет и се зголемува за да ги обезбеди корисниците со услуги како што се онлајн податоци, шопинг и вдомување.
Фило е роден на 20 април 1966 година во Висконсин. На возраст од 6 години, се преселил во Мос Блеф, Луизијана, предградие на Лејк Чарлс, Луизијана. Матурирал на Сем Хјустон средното училиште, а потоа се здобил со диплома по Компјутерско Инженерство на Туланскиот универзитет и магистрирал на Универзитетот Стенфорд.
Во 2011 година, Фило се проценува на вредност од 1,4 милијарди долари, пласирајќи го на 879 место на најбогати луѓе во светот. Како филантроп, во 2005 година донирал 30,000,000 долари на Туланскиот универзитет, за употреба во школата за инжинерство.
Фило е во брак со Ангела Буенинг.
На универзитетот Стенфорд , Дејвид Фило се сретнал за првпат со Џери Јанг и станале добри пријатели во 1989 година. Додека имал потешкотии во следење на неговата растечката список на омилени мрежни места со новиот Мозаик софтвер кој им овозможува на корисниците да пребарувааат на веб, Фило побарал помош од Јанг за подобрување на програма која ќе му овозможи да ги групира овие страници по содржина. Тоа беше проследено со издавање на организирана список на мрежни места во април 1994 година, наречена " Водич за World Wide Web на Џери и Дејв", на Интернет. Примањето на електронска пошта од веб корисниците од целиот свет за корисноста на листата, Фило и Јанг конечно одлучиле да го распределат вебот, притоа користејќи неколку слоеви на категории и поткатегории.
Иновативниот пристап им заработи многу голема репутација во светскиот сектор за кратко време. Во меѓувреме поради големата посетеност на мрежното место, опслужувачите во Станфорд често крахирале, па на Фило и Јанг им било кажано да го префрлат мрежното место во комерцијалниот сектор. Откако одбиле понуди да го купат мрежното место, од компании како Netscape и AOL, Фило и Јанг одлучиле да го ко-основаат Yahoo!, акроним за "Yet Another Hierarchical Officious Oracle".
Фило е одговорен за создавањето на многу иновации на Yahoo! што направи компанијата да заработи голем приход. До одлуката на компанијата за официјално префрлање на PHP (програмски јазик за создавање на динамични мрежни места), неговата опслужувачката програма наречена “Filo Server Program” , напишана во C, ќе обезбеди опслужувачки страници што посредуваат барања од главната страница на Yahoo!
Yahoo! започна како портал со веб директориум обезбедувајќи широк спектар на производи и услуги за онлајн активности. Стотици компании започнаа рекламирање на нивното мрежно место и и помогна на компанијата да се зголеми на повеќе од сто вработени за кратко време. Тој сега е еден од водечките интернет брендови и, како резултат на партнерство со телекомуникациски фирми, има една од повеќето посетувани мрежи на интернет.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.