Доброта
From Wikipedia, the free encyclopedia
Доброта (црногорски: Dobrota/Доброта, италијански: Bonintro) — град во Општина Котор на крајбрежјето на Црна Гора. Иако административно е одделен град, де факто е дел од Котор и го сочинува резиденцијалниот дел на Котор, додека пак градот Котор административно го сочинува историското јадро на градот. Во градот е и единствената психијатриска болница во Црна Гора.