Долношлеско Војводство
војводство во Полска / From Wikipedia, the free encyclopedia
Долношлеско Војводство (полски: województwo do)nośląskie) — војводство во југозападна Полска, наречено по историската област Долна Шлеска.
Долношлеско Војводство województwo dolnośląskie | |||
---|---|---|---|
војводство | |||
Местоположба во Полска | |||
Окрузи во Долношлеското Војводство | |||
Земја | Полска | ||
Седиште | Вроцлав | ||
Површина | |||
• Вкупно | 19.946,74 км2 (770,148 ми2) | ||
Население (2014) | |||
• Вкупно | 2.908.457 | ||
• Густина | 150/км2 (400/ми2) | ||
• Градскo | 2.047.151 | ||
• Селско | 837.097 | ||
Рег. таб. | D | ||
Мреж. место | umwd.pl | ||
|
Војводството било дел од средновековната полска држава под водство на династијата Пјасти. По смррта на кнезот Болеслав III Кривоустиот во 1138 г. државата почнала да се раздвојува на делови. Шлеска станала полска покраина како кнежевство, но подоцна се расцепкало на мали кнежевства под власта на кнезови од семејството Пјасти. Во овој период стапило германското влијание, поради доселувањето на население од германските краишта на Светото Римско Царство. Ова оставило белег на архитектурата, обичаите и кујната. Сепак, Долна Шлеска останала и центар на полската култура. Тука е напишан ракописот кој ја содржи првата позната реченица на старополски јазик (Хенрикувска книга, XIII век), како и првата печатена книга на полски (Statuta synodalia Episcoporum Wratislaviensis, 1475), обете изложени во Вроцлав. Злоторија е најстариот град во Полска, прогласен со повелба на кнезот Хенрик Брадестиот (XII-XIII век). Низ вековите, Долна Шлеска доживеала редица епохални настани како протестантската реформација, Шлеските војни, индустријализацијата и двете светски војни.
Долна Шлеска се вбројува меѓу побогатите краишта во Полска поради значајните природни ресурси како бакарот, лигнитот и други камени материјали кои ги исползуваат најголемите претпријатија, како и развиено стопанство во разни други гранки.[1]
Седиштето Вроцлав е сместено на реката Одра. Градот е меѓу најголемите и најважните во Полска. Тука, како и во Тшебница, се гробниците на полските владетели. Војводството има многубројни замоци и дворци и ужива голема посетеност.