Друпал
From Wikipedia, the free encyclopedia
Друпал е слободен и модуларен систем за управување со содржини напишан во програмскиот јазик PHP. Систем за управување со содржини или (или накретко СУС) е мрежна апликација која се справува со приказ на содржини без некоакво посебно предзнаење или знаење за јазикот со кој бил програмиран овој систем, во овој случај PHP.
Кратки факти Најново издание:, ОС: ...
Друпал | |
Домашна страница на стандардна Друпал инсталација. | |
Најново издание: | 7.4[1] / 29 јуни, 2011 |
---|---|
ОС: | Повеќеплатформски |
Намена: | Систем за управување со содржини, Заедница и Софтвер за блогирање |
Лиценца: | ГПЛ |
Мреж. место: | http://drupal.org |
Затвори
Возможно е Друпал да функционира на неколку различни платформи, под претпоставка дека оперативниот систем ги поддржува еден од двата мрежни опслужувачи Apache или IIS. Исто така бидејќи Друпал, како и останатите системи за управување со содржини користи база на податоци, потребно е и инсталација на или MySQL или PostgreSQL базите на податоци.
Тековната верзија на Друпал е 6.9.[2] издадена на 15 јануари, 2009.