Економетрија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Економетријата е „примена на математички и статистички методи во економските податоци“ и е опишана како гранка на економијата „која цели на давање емпиријална содржина на економските врски“[1] Поточно, таа е „квантитативна анализа на тековните економски феномени засновани на еднаквиот развој на теоријата и набљудувањето, поврзани со соодветни методи на дејствување“.[2] Влијателен учебник по основи на економија ја опишува економетријата како можност за економистите „да пребаруваат низ планините од информации за да извлечат едноставна врска“.[3] За првпат, зборот економетрија (во сродна форма) бил употребен од страна на Павел Сиомпа во 1910. Заслугата за оформување на зборот во форма во која и денес се користи му припаѓа на Рагнар Фриш.[4]
Економија |
Економија по региони Африка · Северна Америка |
Општи аспекти |
---|
Историја на економските теории |
Методологија |
Поведение · Информациска |
Специјалности и субспецијалности |
Развој · Раст · Историја |
Списоци |
Журнали · Публикации |
Економски идеологии Анархистичка · Капиталистичка |
Англосаксонска · Feudal |
Портал економија |
Економетријата е обединување на економија, математика и статистика. Вака обединети користат повеќе отколку збирот од поединечните придонеси.[5] Економетријата додава емпиријална содржина во економската теорија дозволувајќи и теоријата да биде тестирана и употребена за прогнозирање и оценување на разни настани. Основната алатка на економетријата е модело на линеарна регресија. Во модерната економетрија, другите статистички алатки се често употребувани, но линеарната агресија е сè уште најчесто употребуваната почетна точна за анализите.[6] Проценувањето на линеарната регресија на две променливи може да биде отсликано како вклопување на линија низ точки со податоци кои претставуваат парни вредности на независните и зависните варијабили.
На пример, земајќи го вобзир законот на Окун кој се однесува на порастот на БДП и стапката на невработеност,() оваа врска е претставена во линеарна регресија каде промената во стапката на невработеност е функција на пресекот,() дадена вредност на порастот на БНП помножена со опаѓачки коефициент. и времетраење на грешка,
За непознатите параметри и може да се даде проценка. Тука е проценета на -1,77 и е проценета на 0,83. Ова значи дека доколку БНП-то порасне еден бод побрзо, стапката на невработеност ќе биде предвидена на пад од ,94 бода (-1,77*1+0,83). Потоа моделот може да биде тестиран во однос на неговата статистичка значајност, односно дали зголемувањето на коефициентот на растот е поврзано со падот на невработеноста. Истото би било хипотетички тест. Ако проценките на не биле значајно поразлични од 0, тогаш не би успеале да најдеме доказ дека промената во стапката на растот и стапката на невработеноста се поврзани.