Економија на Брунеј
From Wikipedia, the free encyclopedia
Економијата на Брунеј , мала и богата земја, е мешавина од странско и домашно претприемништво, владина регулатива и мерки за социјална помош и селски традиции. Економијата е скоро целосно поддржана од извоз на сурова нафта и природен гас, при што приходите од нафтениот сектор учествуваат со над половина од БДП. БДП по глава на жител е висок, а значителниот приход од странски инвестиции го надополнува приходот од домашно производство. Владата ги обезбедува сите медицински услуги и субвенционира храна и домување. Владата има покажано напредок во нејзината основна политика за диверзификација на економијата далеку од нафта и гас. Лидерите на Брунеј се загрижени дека стабилно зголемената интеграција во светската економија ќе ја наруши внатрешната социјална кохезија, иако презела чекори за да стане поистакнат играч служејќи како претседател на форумот АПЕЦ (Азиско-тихоокеанска економска соработка) во 2000 година. Растот во 1999 година бил проценет на 2,5% како резултат на повисоките цени на нафтата во втората половина.
Економија на Брунеј | |
---|---|
Валута | брунејски долар (BND, B$) |
Врзување на девизниот курс | 1 брунејски долар = 1 сингапурски долар |
Фискална година | 1 април – 31 март (од април 2009) |
Трговски организации | APEC, АСЕАН, СТО. БИМП-ЕАГА |
Статистика | |
БДП | |
Пораст на БДП |
|
БДП/жит. | |
БДП по сектор |
|
Инфлација | 0.149% (2018)[1] |
Сиромашно население | NA |
Џиниев коефициент | NA |
Работна сила | |
Работна сила по занимање |
|
Стапка на невработеност | 9.3% (2017[update] )[5] |
Водечки индустрии | нафта, рафинирање на нафта, течен природен гас, градежништво, земјоделство, аквакултура, транспорт |
Ранг според Индекс на леснотија | ▼ 66-та (ласно, 2020)[6] |
Надворешност | |
Извоз | ▲ $5.885 милијарди (2017)[2] |
Извозни добра | минерални горива, органски хемикалии |
Главни извозни партнери |
|
Увоз | ▲ $2.998 милијарди (2017 est.)[2] |
Главни увозни партнери | |
Бруто надворешен долг | ▬ $0 (2014)[2][note 1] |
Јавни финансии | |
Јавен долг | 2.8% од БДП (2017)[2] |
Приходи | 2.245 милијарди (2017 est.)[2] |
Расходи | 4.345 милијарди (2017)[2] |
Кредитен рејтинг | неоценето |
Девизни резерви | ▲ $3.488 милијарди (31 декември 2017.)[2] |
Главен извор на податоци: Светска книга на факти на ЦИА Сите вредности, освен ако не е запишано поинаку, се во ам. долари |
Брунеј е трет по големина производител на нафта во Југоисточна Азија, со просек од околу 180,000 барели.[7] Исто така, тој е деветти најголем производител на течен природен гас во светот.[8]