![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/b1/Pyongyang_montage.png/640px-Pyongyang_montage.png&w=640&q=50)
Економија на Северна Кореја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Економијата на Северна Кореја е ниско развиена централно планирана економија, каде улогата на плановите за распределување на пазарот се ограничени, иако истите во последно време започнале да се променуваат.[8][9] Според податоци од 2020 година, Северна Кореја продолжува со основното придржување кон економијата на централизирана планска економија. Има одредена економска либерализација, особено откако Ким Јонг-ун го презел раководството во 2012 година, но во земјата постои судир во законодавството околу можните промени во пазарот.[10][11][12][13][14][15] Според рангирањето на економската слобода од страна на Фондацијата Херитиџ, оценката за економска слобода на Северна Кореја е 5,9, што ја прави најмалку слободна од 180 економии измерени според индексот во 2019 година.[16]
Економија на Северна Кореја | |
---|---|
![]() | |
Валута | Севернокорејски вон (KPW, ₩) |
Фискална година | Календарска година |
Статистика | |
БДП | |
Пораст на БДП | −4.1% (2018) |
БДП/жит. | |
БДП по сектор |
|
Сиромашно население | NA |
Џиниев коефициент | N/A |
Работна сила | |
Работна сила по занимање |
|
Стапка на невработеност | ![]() |
Водечки индустрии | воени производи; машинска опрема, електрична енергија, хемикалии; рударство (јаглен, железна руда, варовник, магнезит, графит, бакар, цинк, олово и благородни метали), металургија; текстил, преработка на храна; туризам[2] |
Ранг според Индекс на леснотија | N/A |
Надворешност | |
Извоз | ▼ $222 милиони (2018)[2] |
Извозни добра | минерали, металуршки производи, производство (вклучително и вооружување), текстил, земјоделски и производи од риболов[2] |
Главни извозни партнери |
|
Увоз | ▼ $2.32 милиони (2018.)[2] |
Увозни добра | нафта, коксиран јаглен, машини и опрема, текстил, жито[2] |
Главни увозни партнери | |
Странски директни инвестиции | ▼ $1.878 милијарди (31 декември 2015.)[2] |
Бруто надворешен долг | $20 милијарди (2011)[7] |
Јавни финансии | |
Приходи | 3.2 милијарди (2007.)[2] |
Расходи | 3.3 милијарди (2007.)[2] |
Главен извор на податоци: Светска книга на факти на ЦИА Сите вредности, освен ако не е запишано поинаку, се во ам. долари |
Колапсот на Источниот блок од 1989 до 1991 година, особено главниот извор на поддршка на Северна Кореја, Советскиот Сојуз, ја принудило севернокорејската економија да ги постави своите надворешни економски односи, вклучително и зголемена економска размена со Јужна Кореја. Кина е најголем трговски партнер на Северна Кореја. Идеологијата на Северна Кореја за Џуче резултирала да земјата спроведе автоаркија во период на меѓународни санкции .[17] Додека во сегашната севернокорејска економија сè уште доминираат државната индустрија и колективните фарми, странските инвестиции и корпоративната автономија се малку зголемени.
Северна Кореја имала сличен БДП по глава на жител со нејзиниот сосед Јужна Кореја од последиците на Корејската војна до средината на 1970-тите [18] но имала БДП по глава на жител помал од 2.000 американски долари кон крајот на 90-тите и почетокот на 21-от век. За 2018 година, Банката на Кореја проценила раст на БДП −4.1%.