Експоненцијална функција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Експоненцијална функција – една од најважните функции во математиката. Се означува како exp(x) или ex, при што e е приближно еднакво на 2,71828183, што всушност е Неперова константа, основа на природниот логаритам.
Експоненцијалната функција је реална функција со една променлива, дефинирана за сите реални броеви, која е секогаш позитивна и растечка. Никогаш не ја допира x-оската, иако x-оската ѝ е единствена асимптота. Нејзината инверзна функција, природниот логаритам, е дефинирана само за позитивни вредности на променливата x.
Понекогаш, особено во науката, изразот експоненцијална функција се користи да означи функција со облик ax, каде a, која се нарекува база или основа, е кој било позитивен реален број. Оваа статија се фокусира на експоненцијална функција со основа e.
Поопшто, x може да биде кој било реален или комплексен број, или дури, тотално различен математички објект - види ја формалната дефиниција подолу.