![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/0d/VFPt_Solenoid_correct2.svg/langmk-640px-VFPt_Solenoid_correct2.svg.png&w=640&q=50)
Електростатичко празнење
From Wikipedia, the free encyclopedia
Електростатичко празнење (EСП) — ненадеен проток на електрична енергија помеѓу два наелектризирани предмети предизвикани од контакт, краток спој или електричен пробој. Намалувањето на статичкиот електрицитет може да биде предизвикано од трибо полнеж или со електростатичка индукција. EСП се појавува кога различно наелектризирани предмети се доближуваат блиску еден до друг или кога диелектрикот меѓу нив се пробива, често создавајќи видлива искра.
ЕСП може да создаде спектакуларни електрични искри (молњата, со придружен звук на гром, е големо EСП), но исто така и помалку драматични форми кои не можат да бидат видени ниту слушнати, но сепак да бидат доволно големи за да предизвикаат оштетување на чувствителни електронски уреди. Електричните искри бараат јачина на полето над 40 kV/cm во воздух, каков што е случајот при удар на гром. Други форми на ЕСП вклучуваат коронско празнење од остри електроди и четкично празнење на тапи електроди.
ЕСП може да предизвика низа штетни ефекти од важност во индустријата, вклучувајќи ги експлозиите на гасови, горивни пареи и јагленова прашина, како и дефекти на електронските компоненти, како што се интегрираните кола. Тие можат да претрпат трајно оштетување кога се подложени на високи напони. Затоа производителите на електроника воспоставуваат електростатичко заштитно подрачје во кое нема статички електрицитет, користејќи мерки за спречување на електрично полнење, како што се избегнување на материјали подложни на полнење и мерки за отстранување на статичкиот електрицитет како што се заземјување на работници, обезбедување антистатски направи и контрола на влажноста.
Симулаторите на ЕСП може да се користат за тестирање на електронски уреди, на пример со модел на човечко тело или модел на наполнет уред.