Еленчиња
семејство инсекти / From Wikipedia, the free encyclopedia
Еленчиња или еленаци[1] (науч. Lucanidae) — семејство од 1.200 видови на тврдокрилни инсекти што се групираат во четири потсемејства[2] Неки видови достигнуваат 12 см, но највеќето растат до 5 см.
Еленчиња | |
---|---|
Lucanus cervus (мажјак) | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Членконоги |
Класа: | Инсекти |
Ред: | Тврдокрилци |
Подред: | Разнојади |
Инфраред: | Тркалачовиди |
Натсемејство: | Тркалачи |
Семејство: | Еленчиња Latreille, 1804 |
Потсемејства | |
Aesalinae |
Мажјаците ги користат вилиците за борба со соперници исто како што тоа го прават елените со нивните рогови. Повод за борба се женки за парење и храна како растителни сокови и скапани овошки. Но покрај нивниот застрашувачки изглед, еленчињата не напаѓаат луѓе.
Женките се помали од мажјаците и имаат помали вилици. Додека се ларви, можат да се разпознаат по кремастите јајници што можат да се забележат во подолниот дел на грбот, под кожата.
Ларвите неколку години се хранат со гнили стебла на листопадни дрва, и минуваат низ 3 фази пред конечно да се изведат од кукла во посебна ќелија изработена од дрвени деланки и земја. Во последната фаза, ларвите на некои видови знаат да достигнат големина на човечки прст.