Ен Хатавеј
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ен Жаклине Хатавеј (родена на 12 ноември 1982 година) е американска глумица. По неколку улоги на сцената, таа се појавила во теливизиската серија „Биди вистински“ (Get Rеал) во 1999 година.Таа се истакна по улогата на Миа Термополис во филмот на Дизни „Дневникот на принцезата“ (2001 година) и во Дневникот на принцезата2:кралска веридба. Од тогаш, Хатавеј започнала да глуми во драматични филмови како што се „Анархија “ и „Кршенгрб планина“, во 2005 година. Таа исто така глумела во „Ѓаволот носи Прада“ со Мерил Стрип и во „Станувајќи Џејн“ како Џејн Остин.[1][2]
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Ен Хатавеј | |
---|---|
Хатавеј зборува на Интернационален Ден на Жени во 2017 | |
Роден(а) | Ен Жаклине Хатавеј 12 ноември 1982(1982-11-12) (41 г.) Њујорк, САД |
Националност | Американка |
Образование |
|
Занимање | Глумица |
Активен период | 1999–сега |
Сопружник | Адам Шулман (в. 2012) |
Деца | 2 |
Награди | Целосна Листа |
Во 2008 година, таа доби неколку награди за нејзината изведба во „Рејчел се омажува“ и добива Филмска награда на академијата на САД, со назначување за најдобра филмска глумица. Во 2010 година, таа глумела во хитовите на билетарницата: „ Денот на заљубените“,„Алиса во земјата на чудата на Тим Бартон“ и „ Љубов и други дроги“и ја добила Еми наградата за нејзината изведба на „Симпсонови“. Во 2011 година, таа добила улога на глас во анимираниот филм „Рио“ и глумела во адаптацијата на „ Еден ден “ на Лоне Шерфиг. Во 2012 година, таа играла во улога на Селина Кајли во „ Враќањето на темниот витез на Кристофер Нолан и Фантин во „ Клетници“ на Том Хупер. Подоцна, нејзината изведба дала позитивни критики и неколку признанија, вклучувајќи ја наградата Златен глобус, Награда за најдобра глумица во споредна улога, и Оскар за најдобра споредна женска улога. Луѓето од весниците ја нарекле една од пробивните ѕвезди на 2001 година и таа се појавила на нивната список на 50те најубави жени во светот во 2006 година.