Ерменци во Азербејџан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ерменците во Азербејџан — Ерменци кои живееле во голема мера во денешната држава Азербејџан и нејзиниот претходник, Советски Азербејџан. Според статистичките податоци, во Советски Азербејџан живееле околу 400.000 Ерменци во 1989 година[1][2]. Меѓутоа, повеќето Ерменци морале да ја напуштат републиката, по настаните што довеле до Нагорнокарабашката војна, како резултат на ерменско-азербејџанскиот судир.Злосторствата насочени против ерменското население, наводно, се случиле во Сумгајит (февруари 1988), Ганџа (Кировабад, ноември 1988) и Баку (јануари 1990). Денес, огромното мнозинство Ерменци во Азербејџан живеат на територија контролирана од страна на оддалечениот регион Нагорно-Карабах (120.700 во 1999 година според азербејџанската официјална статистика[3][4]) која ја прогласила својата еднострана независност во 1991 година под името Нагорно- Карабах, но истата не е признаена од ниту една земја, вклучувајќи ја и Ерменија. Неофицијалните извори проценуваат дека бројот на Ерменци кои живеат на азербејџанска територија надвор од Нагорно-Карабах е околу 2.000 до 3.000, и речиси исклучиво се состои од лица кои се во брак со Азери или се со мешано ерменско-азербејско потекло[5]. Бројот на Ерменци кои најверојатно не се во брак со Азерци се проценуваат на 645 (36 мажи и 609 жени) и повеќе од половина (378 или 59 отсто од Ерменците во Азербејџан надвор од Нагорно-Карабах) живеат во Баку, а остатокот во руралните средини. Тие најверојатно се постари луѓе или пак веројатно немаат други членови на семејството[5][6][7]. Ерменците во Азербејџан се изложени на голем ризик сè додека конфликтот во Нагорно-Карабах останува нерешен[8][9][10][11][12]. Во Азербејџан, статусот на Ерменците е несигурен[13]. Ерменските цркви остануваат затворени, поради големата емиграција на Ерменците и стравот од азербејџански напади[14].
Вкупен број | |
---|---|
120.300 (2009) | |
Подрачја со значајно население | |
Нагорно-Карабах и околните области, Баку | |
Јазици | |
ерменски, азербејџански | |
Вероисповед | |
Ерменска апостолска црква | |
Сродни народи | |
Ерменци во Нахичеван, Ерменци во Баку, Ерменци во Русија, Ерменци во Турција |