Есен (град)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Есен (германски: Essen) — град во централниот дел на областа Рур во Северна Рајна-Вестфалија, Германија. Се наоѓа на реката Рур со население од приближно 579.000 жители (до 30 јуни 2008 година) — деветтиот град по големина во Германија. Во 2010 година, Есен бил прогласен за европска престолнина град на културата во име на целата област Рур.
Есен | ||
Панорама на Есен | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Северна Рајна-Вестфалија | |
Адм. подрач. | Диселдорф | |
Округ | Урбан округ | |
Градски единици | 9 окрузи, 50 квартови | |
Градоначалник | Рајнхард Пас (СДП) | |
Владејачки партии | СДП / ДХС | |
Основни податоци | ||
Површина | 210 км2 | |
Надм. височина | 116 м | |
Население | 582.415 (31 декември 2020)[1] | |
- Густина | 2.773 жит/км2 | |
- Градско | 5,302,179 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | E | |
Пошт. бр. | 45001–45359 | |
Повик. бр. | 0201, 02054 (Кетвиг) | |
Портал | www.essen.de | |
Местоположба на градот Есен во рамките на округот Урбан округ | ||
Координати | 51°27′3″N 7°0′47″E |
Порано еден од германските најзначајни центри за јаглен и челик и историски поврзан со семејството Круп, градот развил силен и висок сектор за економија и (понекогаш заедно со блискиот Диселдорф) тврдел дека е економски столб на областа Рур[2]. Сега е дом на 13 од 100-те најголеми корпорации во Германија и седиште на неколку од регионалните власти.
Во 1958 година, градот бил одбран за седиште на католичката Есенска епископија (често споменувана како „Рурска епископија“). Во 2003 година, универзитетите на Есен и на блискиот град Дујсбург (двата основани во 1972 година) се споиле во еден универзитет под името Универзитет на Дујсбург-Есен со кампуси во двата града како и со универзитетска болница сместена во Есен.