Желазова Вола (полски: Żelazowa Wola) — село во општината Сохачев на Сохачевскиот округ во Мазовското Војводство, околу 60 км од Варшава, Полска. Селото е родно место на двајца славни класични музичари: пијанистот и композитор Фредерик Шопен, и виолинистот Хенрик Шеринг. Местото е познато е по својот живописнен мазовски предел, многуте кривулести потоци, опкружени од врби и ритчиња.

Кратки факти Желазова Вола Żelazowa Wola, Земја ...
Желазова Вола
Żelazowa Wola
село
Thumb
Родната куќа на Шопен
Thumb
Желазова Вола
Желазова Вола
Координати: 52°15′N 20°19′E
Земја Полска
ВојводствоМазовско
ОкругСохачевски
ОпштинаСохачев
Население 65
Затвори
Thumb
Споменикот на Шопен во Желазова Вола, дело на вајарот Јозеф Гославски

Рускиот композитор Сергеј Љапунов ја искомпонирал симфониската поема „Желазова Вола“, Оп. 37 „во спомен на Шопен“[1].

Во зачуваното крило на некогашната куќа на Шопенови денес има музеј, опкружен со парк. На лето тука се изведуваат концерти на Шопеновата музика од музичари од целиот свет. Во блискиот парк се наоѓа споменикот на Фредерик Шопен, дело на вајарот Јозеф Гославски[2].

Историја

Првпат селото се споменува во 1579 г. во гроцките документи, каде како сопственик на Желазова Вола се споменуваат Никола и Петар Желазо. Кон крајот на XVIII век сопственици биле Лушчевци, а потоа Папроцки. Од тие последните во 1802 година селото го купува аристократската фамилија Скарбек (Каспер и Лудвик) и живее во палатата во селото; денешниот дел од таа палата е само источното крило. Гувернант на нивните деца бил Никола Шопен. На 1 март (или 22 февруари) се раѓа Фредерик, второ дете на Шопенови. Во 1812 палатата на Скарбек изгорела и од неа останале само двете споредни крила.

Во 1834 Скарбек ја продаваа Желазова Вола на Шубертови, а тие пак на Пешлови. Следен сопственик во годините 1859-1879 бил Адам Товањски. Од 1879 палатата останува во рацете на Александар Павловски кој на местото на раѓањето на Шопен прави магацин. Во 1894 година по иницијатива на рускиот композитор Милиј Балакириев направен е во паркот споменик на Фредерик Шопен, проектиран од Бронислав Жоховски. За време на Првата светска војна изгорело десното крило од палатата. Во 1928 година варшавското Здружение на пријатели на куќата на Шопен и Шопеновскиот комитет од Сохачев го купуваат преостанатото крило од палатата и 3 хектари земја околу објектот за 40.000 злоти од Рох Шимањски кој бил сопственик на земјата од 1918 година. За време на Втората светска војна во палатата биле стационирани германски војници, а кон крајот на војната таму била организирана болница.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.