Жртвениот јарец (слика)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Жртвениот јарец (англиски: The Scapegoat, 1856) — слика од англискиот уметник Вилијам Холман Хант на која е прикажан „жртвениот јарец“ опишан во библиската книга „Левит“ (третата книга Мојсеева), за кој Бог заповеда дека мора ритуално да се прогони од стадото на израелските родови како жртва за обредно прочистување на народот. Во духот на христијанските преданија и теологија, Хант сметал дека јарецот е прототип за искупителната жртва што ја поднел Исус Христос, и дека јарецот го претставува токму тој аспект на Спасителот, како што се наведува во библиската книга „Исаија“ како Божји слуга-страдалник. Хант ја врамил сликата со цитирајќи: „А Тој ги понесе нашите болести, ги зеде врз себе нашите болки, додека ние сметавме дека Бог Го бие и Го понижува.“ (Исаија 53:4)[1] и „Така јарецот ќе ги однесе со себе сите нивни беззаконија во непроодна земја и тој нека го пушти јарецот во пустина“. (Левит 16:22)[2]
Творец | Вилијам Холман Хант |
---|---|
Година | 1856 |
Вид | масло на платно |
Димензии | 86 см × 140 см |
Место | Уметничка галерија „Леди Левер“, Порт Санлајт, Англија |
Во изложбениот каталог на Кралската академија, Хант напишал дека „сцената е насликана кај Усдум, на работ на бреговите Мртвото Море опфатени со згрутчена сол. Во далечината се Едомските планини“.[3]